Фудбал
Се појави скандалозно видео: Ди Марија ги плукна навивачите на Бразил (ВИДЕО)
Аргентина на „Маракана“ оствари историска победа над репрезентацијата на Бразил (1:0). Овој натпревар, сепак, остана во сенка на големите нереди на трибините поради кои мечот доцнеше половина час, а сега се појави и видео од конфликтот помеѓу репрезентативецот на „гаучосите“ Анхел ди Марија и навивачите на домашната екипа.
Кога почнаа нередите на трибините, фудбалерите на актуелниот светски првак заминаа во соблекувалните, а при излегувањето од теренот се соочија со провокации од бразилската публика.
На интернет сега се појави снимка на која се гледа како навивачите на домашната екипа го полеваат со вода аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија. Фудбалерот на Бенфика импулсивно одговори со плукање во нивна насока, а за среќа гужвата брзо се расчисти.
Натпреварот го реши голот на Николас Отаменди во 63. минута, а Аргентина со нови три бода се зацврсти на првото место на табелата. Од друга страна, Бразил остана само шести, со седум освоени бода од шест натпревари. По натпреварот, капитенот на „гаучосите“, Лионел Меси го изрази своето разочарување од се што се случуваше на трибините на „Маракана“. – Голема победа на Маракана иако ќе ја одбележи уште една репресија против Аргентинците во Бразил. Ова не може да се толерира, целосно е лудо и мора да престане сега! – изјави Меси.