Поврзи се со нас

Фудбал

Се појави видео од венчавката: Салах го предизвика гневот на навивачите на Ливерпул (ВИДЕО)

Минатата недела беше објавено дека Мохамед Салах е позитивен на коронавирус и ги пропушти претходните натпревари на репрезентацијата на Египет.

Салах го искористи патувањето до собирот на египетската репрезентација за да присуствува на свадбата на неговиот брат, но англиските медиуми пишуваат дека тој немал дозвола од Ливерпул поради ризик да може да се зарази.

Но, Салах не послушал сè што го советувале и отишол на свадба на која присуствувале над 800 гости. Секој сакаше да се поздрави и да се фотографира со него, и на крајот не е ни чудо што Салах се зарази со коронавирус.

Тој денес повторно беше тестиран и се уште е позитивен што особено ќе го налути Јирген Клоп бидејќи Ливерпул е „исцепкан“ повреди.

Да бидат работите уште полоши, се појави видео од венчавката, на кое се гледа дека Салах, но и никој друг, воопшто не се држел до мерките.

loading...

Facebook