Connect with us

Други спортови

Се појавија детали, еве како Ѓоковиќ бил удрен со шише во глава, повредата не била наивна (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ одигра меч полн со скандали во второто коло на Мастерсот во Рим, а потоа се случи најголемиот скандал по дуелот со Корентано Муте. Додека на насобраната публика им потпишувал топки, хартии, маици и капи, српскиот тенисер бил погоден со шише во глава! Очигледно, повредата не беше наивна, бидејќи Новак прво го видовме како лежи  опкружен со обезбедување, а потоа беше пренесен во здравствениот дом во близина на комплексот на теренот.

Тој со раскрвавена глава го напушти централниот терен, а италијанскиот „Ил Месаџеро“ објави дека тоа всушност инцидентот е само несреќен случај. Имено, како што наведуваат во нивниот текст, шишето кое го погодило Новак во глава испаднало од ранецот на момче кое се наведнало за Ноле да му даде автограм. Погледнете уште еднаш како изгледаше ситуацијата:


 

Advertisement