Connect with us

Други спортови

Се појавија фотографии од разбиениот автомобил на Тајгер Вудс (ФОТО)

Спортската јавност синоќа беше шокирана од веста дека легендарниот Тајгер Вудс доживеал тешка сообраќајна несреќа.

Вудс доживеа несреќа во Лос Анџелес кога изгуби контрола над возилото и излета од патот, превртувајќи се неколку пати.

За среќа, Вудс успеа да ја преживее несреќата, но со сериозни повреди. Тој бил брзо пренесен во болницата каде веднаш бил опериран, а неговиот тим потврдил дека се здобил со тешки повреди на десната нога.

Операцијата помина добро и Вудс комуницираше со лекарите по операцијата. Но, јасно е дека го чека долго закрепнување и дека нема да го гледаме толку брзо на патеката со голф-клуб.

Исто така, на социјалните мрежи се појави фотографија за тоа како изгледа автомобилот по несреќата, а јасно е дека внатрешноста на автомобилот го спасила од смрт затоа што Genesis GV80 има дури десет заштитни перници во случај на вакви несреќи.