Connect with us

Фудбал

Се појавија пораките на Бензема преку WhatsApp пред мечот со ПСЖ кои му ги пишал на пријател (ФОТО)

Хет-трикот на Бензема за само 17 минути против ПСЖ беше спектакуларен, со кој го елиминираше францускиот тим од ЛШ,  а четвртиот најдобар стрелец во Лигата на шампионите на сите времиња со 79 гола веќе навести за таква вечер.

Имено, од Whatsapp протече порака помеѓу Бензема (34) и раперот Нишка пред натпреварот во која фудбалерот му открил на својот пријател дека тоа ќе биде „неговата приказна“ и дека ПСЖ воопшто нема да направи ништо.

„Ќе биде експлозивно. ПСЖ нема да направи ништо, ова е мојата приказна“, напиша Французинот во пораката.