Тајмаут
Се појавија разголени фотки на познатата српска кошаркарка, за се е виновно нејзиното поранешно момче (ФОТО)
Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ деновиве доживува вистинска агонија поради нејзиното поранешно момче кое и се одмазди објавувајќи нејзини разголени слики. Како што дознава српски Курир, М.Ј., со кој поранешната кошаркарка претходно бил во врска, долго време и се заканувал и барал повторно да биде со него. Меѓутоа, Милица не се согласила на тоа, па М.Ј решил брутално да и се одмазди.

– Пред три дена тој човек на апликацијата Телеграм ги објави фотографиите на Милица на кои таа е целосно гола. Станува збор за сликите кои му ги праќала додека биле во врска бидејќи му верувала и не верувала дека ќе дојде до ова. Милица и М.Ј одамна раскинаа, таа во меѓувреме имаше и други дечковци и не планираше да се врати кај него. Сепак, тој очигледно се надевал дека ќе има помирување, вели изворот на Курир.

-Таа е на лекови, не може да поверува дека ова и се случило, пренсува српски Курир.
Инаку, Милица Дабовиќ е поранешна српска кошаркарка, која има играно за репрезентацијата на Србија. Има играно за неколку српски и црногорски тимови, а од странство настапуваше за Спартак Москва, Вилнус, Мондевил, Бешикташ и слично. Во моментов има 41 година.