Тајмаут
Се породи најпознатата италијанска спортска водителка, ја поврзуваа со Златан, но среќата ја најде со трагичарот на Ливерпул (ФОТО)
Најпознатата спортска новинарка Дилета Леота се породи во средата наутро и на свет донесе девојче Арија. Првите заеднички фотографии со бебето Леота ги сподели на социјалните мрежи, секако со невенчаниот партмер Лорис Кариус, со кој се забавува нешто повеќе од една година .
„Ти си најдобриот подарок што можев да го замислам“, напиша на Инстаграм заедно со заедничките фотографии со наследничката и голманот кој во оваа прилика отпатува од Англија во Италија за да биде со неа.
Интересно, врската на „фудбалската двојка“ стана позната дури есента 2022 година, а веќе во март Дилета Леота објави дека е бремена. За нив двајца ниту разделбата не беше проблем, бидејќи Кариус цело време е во Њукасл каде е трет голман, додека добро е познато дека Дилета Леота е речиси „лице“ на италијанскиот фудбал и телевизијата DaZN. . И додека беше бремена не се одвојуваше од работата и теренот, па ја гледавме на малите екрани до крајот на претходната сезона. Да потсетиме, убавата Дилета Леота и претходно ја поврзуваа со Златан Ибрахимовиќ, додека знаеме дека долго време беше во врска и со турскиот актер Џан Јаман, но свршувачката беше прекината поради несогласувања. Иако ја поврзуваа со многу бизнисмени, Дилета среќата ја најде со Кариус.
Инаку, Кариус е трагичарот на Ливерпул, кој во финалето против Реал Мадрид во ЛШ во 2018-та, практично му „подари“ два гола на противникот со своите киксови со што „Кралевите“ славеа со 3:1 и на крајот се радуваа на пехарот.
