Connect with us

Фудбал

Се прекинува натпреварувањето во Ла Лига?

Раководството на Серија А во понеделникот вечер објави дека се прекинува овој шампионат поради епидемијата на коронавирусот, и се чини дека ќе го гледаме истото сценарио во Шпанија.

Ла Лига вчера објави дека е донесена одлука да се играат следните две кола во Шпанското првенство пред празните трибини, но сега е дискутабилно дали воопшто ќе се играат натпреварите.

Шпанските медиуми денес пренесуваат дека челниците на Ла Лига сериозно размислуваат за прекинување на Шпанското првенство затоа што коронавирусот рапидно се шири и во оваа земја.

Новото коло во Ла Лига започнува уште во петок каде Реал Мадрид ќе го пречека Еибар, а конечната одлука за тоа дали ќе биде прекината лигата ќе ја дознаеме утре. Но, ситуацијата воопшто не е оптимистична и скоро е сигурно дека Ла Лига нема да се игра барем две недели.

Фудбалската федерација на Шпанија веќе објави дека сака да го прекине натпреварувањето во сите рангови на шпанскиот фудбал, но последниот збор во овој случај го има раководството на Ла Лига. Што ќе одлучат челниците на Ла Лига останува да видиме.