Фудбал
Се се враќа, се се плаќа, Чави зависи од играчот кој го понижи кога седна на клупата на Барселона
По испаѓањето од Баерн Минхен од Лигата на шампионите, Чави најави нова ера која би требало да почне на гостувањето кај Осасуна. Сепак, проблемите се големи. По повредата на Депај, а претходно губитокот на Агуеро, Анси Фати и Брајтвајт, Лук Де Јонг се чини дека ќе биде единствената опција во нападот на Барселона, односно во офанзивната линија.
А, токму овој играч Чави го одреди како прв кој во зимскиот преоден рок ќе мора да ја напушти Барселона. Лук Де Јонг пристигна во Барса кога Антона Гризман замина во Атлетико Мадрид и играше редовно кај Куман. Во последните десет меча, холандскиот напаѓач собра едвај 19 минути, што значи дека игра помалку од две минути во просек.
Единствениот начин Чави да избегне да игра со Де Јонг во нападот, е да настапи со „лажна деветка“ со Дембеле, но тешко е да се поверува дека тоа ќе се случи.