Тајмаут
Се сеќавате ли на девојката која Надал ја „проголта“ со погледот? Тaa сега има 35 години, погодете какво име му дала на детето?! (ВИДЕО)
Пред речиси десет години, еден детаљ од АТП турнирот во Рио де Жанеиро го обиколи светот, а се работи за девојка која го привлече вниманието на Рафаел Надал. Стануваше збор за собирач на топки Фернанда Маија, која за време на осминафиналните дуели на Надал против Алберто Монтанес, четвртфиналето против Жоао Соуса и полуфиналето против Пабло Андухар имаше задача да застане до клупата на Рафа и да му помогне. На интернет брзо се раширија видеа на кои Надал се обидува суптилно да ја погледне 26-годишната Бразилка за време на тие дуели, но тој навистина не успеа.
Убавата Фернанда потоа се најде во центарот на спортската јавност, а својата популарност ја искористи на најдобар можен начин. Таа стана водителка на каналот SBT Esporte Rio, коментатор на De Primeira Radio MixFM и официјален најавувач на стадионот на нејзиниот сакан тим Ботафого „Нилтон Сантос“.
Таа се омажи за личниот тренер Џуниор Карели и ја роди својата прва ќерка Роберта во 2018 година. Она што е особено интересно е името што го дала на второто дете. Имено, девојчето кое е родено во 2021 година го добило името по Надал и се вика Рафаела.