Connect with us

Тајмаут

Се сеќавате ли на Обафеми Мартинс? По фудбалот живее неверојатен живот, а со најновиот деловен потег ги шокираше сите

Поранешниот напаѓач на Интер Обафеми Мартинс се врати во родната Нигерија, во градот Лагос, каде што е вистинска ѕвезда. Кон крајот на годината таму отвори ноќен клуб за кој веќе може да се каже дека е полн погодок.

Мартинс се збогуваше од фудбалот во 2021 година и се сврте кон приватните работи. Создаде бренд за облека и се врати во татковината. На крајот на 2023 година ја спроведе својата последна бизнис идеја. Отворил ноќен клуб, кој го нарекол „Коза ностра“. Коза ностра е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а големо внимание привлече само со изборот на името за клубот. Можеби ова е една од карактеристиките на личноста на Мартинс, бидејќи никогаш не му недостигала храброст да го прави она што го сака.

View this post on Instagram

A post shared by Nadine (@nadine_nifemi_martins)

Тој уште во 2005 година напиша отворено писмо против дискриминацијата, кое тогаш ги потресе Апенините, а потоа започна голема дискусија на тема расизам во Италија. Секогаш се грижел за оние на кои им била најпотребна помош, па отворил фондација за помош на најзагрозените во неговата земја. Денес тој живее луксузен и удобен живот со својата атрактивна сопруга Надин Нифеми.

Мартинс фудбалските фанови го паметат по неговата неверојатна брзина, но и по познатите прослави на голови кога правеше салто. Освен за Интер, тој настапуваше и за Њукасл, еден од попознатите клубови. Последните години од кариерата ги помина во Кина, каде заработи огромни пари, кои сега многу успешно ги инвестира во деловни потфати. Во текот на кариерата тој беше во неволја поради обвинувања за фалсификување на годината на раѓање. Се споменуваше дека тој е роден во 1978 година, а не во 1984 година, но нигериската фудбалска федерација потврди дека неговата возраст не е лажна.