Connect with us

Фудбал

Се „шушка“ нешто-Ванда Нара на состанок со еден од најмоќните луѓе во фудбалот

За Мауро Икарди нема место во Париз покрај Нејмар, Килијан Мбапе, Анхел Ди Марија и Лионел Меси, а се погласни се шпекулациите за негово заминување од француската престолнина веќе во јануари.

Има голем број на тимови кои се заинтересирани за Мауро, а меѓу нив е и Јувентус кој е во потрага по напаѓач кој ќе помогне да се излезе од кризата.

Постои можност Икарди да дојде во Јувентус на позајмица до крајот на сезоната, а неговиот менаџер и сопруга Ванда наводно се сретнале со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Икарди (28) оваа сезона постигна само три гола на 17 настапи во сите натпреварувања, а како стартер беше на шест меча.

Јуве е континуирано поврзуван со Икарди, уште кога Аргентинецот играше за Интер.