Фудбал
Се снимаа како му викаат „Цигане“ на српскиот ас на Јувентус. Тој воодушеви со реакцијата
Филип Костиќ, левото крило на Јувентус продолжи со добрите настапи и против Специја во 23. коло од Серија А. Асистираше за еден од головите за победа од 2:0, што е веќе негова деветта асистенција откако летово дојде од Ајнтрахт.
Сепак, неговата добра игра на гости беше расипана од ривалските навивачи. Костиќ беше заменет на десет минути пред крајот, а за да го забрза влегувањето на играчот кој влезе на негово место, го напушти теренот на другиот крај, далеку од центарот. Затоа мораше да го заобиколи целото игралиште, под трибините на локалните ултраси. Додека тој се шеташе таму, навивачите на Специја му извикуваа „Цигане“, што во Италија е навреда за Балканците, но најмногу за Србите. Притоа тие се снимија и видеото од нивниот грозоморен чин го објавија на социјалните мрежи.
Костиќ импресионираше со својата реакција на расистичките навреди. Иронично, тој ги поздрави со рака, а потоа го крена палецот кон нив додека заминуваше. „Газета дело спорт“ го коментира неговото однесување во оваа ситуација: „Костиќ покажа достоинство и на навредите одговараше со стил“.
Filip Kostic insulted by Spezia fans last night.pic.twitter.com/vpEZfkYhEZ
— Max Statman (@emaxstatman) February 20, 2023