Connect with us

Фудбал

Се спрема изненадувачкиот трансфер на Ериксен, ќе заврши во Шпанија

Кристијан Ериксен има страшна година зад себе и сака што побрзо да го напушти Интер.

Заминувањето од Тотенхем и влегувањето во редовите на „Нероазурите“ се покажа како целосен неуспех за данскиот играч за врска.

Антонио Конте го отпиша одамна и Ериксен е во потрага по нов клуб, а од денес Валенсија е во игра.

„Лилјаците“ му предложија на Интер да го позајмат 28-годишниот фудбалер до крајот на сезоната, а наводно клубот од Милано нема ништо против тоа.

Ерикесен многумина го гледаа како нов играч на ПСЖ, особено по доаѓањето на Маурицио Покетино на клупата на клубот од Париз.