Фудбал
Се тресе тронот на Португалецот, до крајот на годината Влаховиќ би можел да го „сруши“ Роналдо
Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ игра во фантастична форма во дресот на Фирентина.
Денеска во победата на Фиорентина против Салернитана (4:0) постигна два нови гола и стигна до бројката од 15 гола во Серија А оваа сезона, со што стана прв стрелец, пред Имобиле, кој има 13.
Исто така, тоа беше негов 32. гол во 2021 година во најсилниот ранг на италијанскиот фудбал, а е на прагот да го израмни или сруши рекордот на Кристијано Роналдо по број на голови во една календарска година. Португалецот има само уште еден гол предност.
Влаховиќ ќе има можност за тоа на уште два натпревари. Фиорентина најпрво ќе се сретне со Сасуоло на 19 декември, додека три дена подоцна ќе игра против Верона, што ќе биде последен нивни натпревар во тековната година.
Да потсетиме, Влаховиќ во 14. коло го собори рекордот на Фиорентина. Тој постигна гол во победата над Емполи, негов 28-ми гол во 2021 година, најмногу во историјата на Фиорентина.