Connect with us

Фудбал

Се уште не се ни роди, а Пелегрини покажа каков ќе биде првиот подарок за неговиот син (ФОТО)

Новиот капитен на Рома, Лоренцо Пелегрини наскоро ќе стане татко по втор пат.

Пелегрини и неговата сопруга Вероника имаат ќерка Камила, а сега нивното семејство ќе биде побогато за друг член.

Фудбалерот на Рома откри дека наскоро ќе добие син, а веќе откри дека ќе се вика Томас.

Исто така, Пелегрини ги воодушеви навивачите на Рома затоа што на Инстаграм покажа дека првиот подарок на Томас ќе биде дресот на римскиот клуб.

Пелегрини неодамна стана капитен на Рома откако беше одземена лентата на Един Џеко.