Фудбал
Се враќа Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“, но во каква улога?!
Златан Ибрахимовиќ, легендарниот шведски фудбалер, потврди дека се враќа на Сан Сиро шест месеци откако реши да ги закачи копачките.
Иако италијанските медиуми шпекулираа дека би можел да го замени Стефано Пиоли на клупата на гигантот од Милано, тоа нема да се случи. Обврските на Ибрахимовиќ нема да бидат поврзани со теренот и работата со тимот, туку тоа треба да биде своевидна соработка и советодавна улога за сопственикот Гери Кардинале.
Планот е четириесет и едногодишниот Швеѓанец да биде близок соработник на првиот човек на Росонерите и неговата компанија „RedBird“ која планира да ги прошири своите инвестиции во областа на спортот, но со главен фокус на Милано.
– Мојата љубов кон Милан е секогаш силна. Враќањето беше мојот сон. Ќе им помагам на Милан и РедБрд во различни области – изјави Ибрахимовиќ.
Така, Ибрахимовиќ по трет пат ќе биде меѓу Росонерите, а во главниот град на Ломбардија сметаат дека тоа би можело да биде еден од чекорите кон стабилизација. Сигурно не е гаранција дека Пиоли ќе остане на клупата, напротив толку се ниша што во случај на испаѓање од Лигата на шампионите би можел да ја напушти и пред Божиќ.