Фудбал
Се знае кој го суди првиот натпревар на Светското првенство
Италијанецот Даниеле Орсато ќе ја дели правдата на првиот натпревар на Светското првенство во Катар, кое започнува в недела, соопшти ФИФА.
Натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор започнува во 17 часот на стадионот Ал Бајт.
Орсато со 46 години е еден од најискусните судии на меѓународната сцена. Тој има ФИФА лиценца од 2010 година, во 2018 година беше видео судија на Светското првенство во Русија, а на последното Европско првенство судеше три натпревари.
Последниот натпревар на клупската сцена беше натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Лајпциг и Реал Мадрид.