Connect with us

Кошарка

Седми НБА тим го затвори тренинг центарот поради коронавирус

Сакраменто е седмата од вкупно 22 екипи во НБА-лигата, кои ќе учествуваат во рестартирање на сезоната, која го затвори тренинг-комплексот поради позитивни тестови на коронавирус во клубот.

В среда „кралевите“ ќе заминат во Орландо, каде ќе се одржат сите натпревари по продолжувањето на сезоната.

Претходно, Денвер, ЛА клиперс, Бруклин, Феникс, Мајами и Милвоки ги затворија своите тренинг центри поради коронавирусот.