Connect with us

Фудбал

Седум црвени и девет жолти картони! Целосен хаос на дербито меѓу Ривер и Бока – паузата траеше 20 минути! (ВИДЕО)

Ривер Плата го победи најголемиот ривал Бока Јуниорс со 1:0 со гол во третата минута од судиското надополнување, а потоа се зовре. Гледавме не толку интересен фудбалски натпревар во кој имаше само „жештина и борба“ додека Борха не даде гол од белата точка за победа на домашните, за сето тоа да се промени длабоко во судиското надополнување кога судијата покажа седум црвени картони. Едноставно, тој немаше избор по големиот хаос на „Монументал“. Бесни по пеналот и поразот, играчите на Бока почнаа да се степаат со играчите на Ривер, дури и со обезбедувањето, па играта беше прекината речиси 20 минути и судијата мораше долго да суди за да види кој треба да биде исклучен. …