Connect with us

Други спортови

Сега ме молат за борба, а имаа толку многу можности

Деонтеј Вајлдер (33) на почетокот на месецов го одбрани шампионскиот појас во тешка категорија, во верзијата ВБЦ, откако дуелот со Британецот Тајсон Фјури заврши нерешено “Кралот на Циганите# доминираше во овој меч, но Вајлдер го извлекоа двата нокаути по кои Британецот се најде на подот.

Меѓутоа, Вајлдер гостувајќи во една емисија во Британија истакна дека и тимот на Ентони Џошуа сега го моли за борба, кој според неговите зборови претходно го избегнуваа.

– Сега ме молат за борба. Неговите луѓе одеднаш се обидуваат да стапат во контакт со мојот промотор, изјави Вајлдер и додаде:

– Имаше многу шанси. Можеше да се бори против Луис Ортиз, можеше да се бори и против мене. Имаше шанса да се бори и со Фјури, истакна Вајлдер и најави дека засега нема ништо од борбата со Џошуа.

Промоторот на најголемата ѕвезда во тешка категорија Ентони Џошуа, Еди Херн, смета дека борбата против Вајлдер, е многу посакувана и дека наскоро двајцата боксери ќе влезат во рингот.

– Вајлдер е нашиот прв избор. Ентони би станал апсолутен шампион и потоа би му останала уште борбата против Тајсон Фјури, кој исто така заслужува шанса , истакна Херн.

По ремито во Лос Анџелес, организаторите на ВБЦ неодамна потврдија дека реваншот ќе се случи, бидејќи тоа го сакаат вистинските љубители на боксот.

– Челниците на ВБЦ организираа гласање во својот Управен одбор, кое резултираше со едногласна одлука да се одобри реванш меч во тешка категорија, во верзијата ВБЦ меѓу Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, кои на љубителите на боксот им ја дадоа најдобрата борба во последните десет години. Токму ова ја потикна желбата на публиката да гледа реванш. Затоа сме среќни што може да потврдиме дека е одобрен реваншот, се вели во соопштението од ВБЦ.

На овој начин Вајлдер доби можност да го одбие мечот со Џошуа, бидејќи ВБЦ претходно имаше наредба победникот да влезе во рингот со Ај – џем, но исто така нема да мора да ја одработи обврската за одбрана на појасот против Доминик Бразеле.

Наредниот меч меѓу Вајлдер и Фјури би можел да се одржи во Манчестер, што е прва желба на британскиот боксер или во Лас Вегас

Од друга страна Џошуа во рингот ќе влезе на 13 април, а неговиот ривал ќе биде Дилан Вајт .