Connect with us

Фудбал

Сега сè е јасно: Озил наскоро ќе биде во новиот клуб

Месут Озил скоро сигурно ќе го напушти тимот на Арсенал до крајот на јануари, а негов нов клуб ќе биде Фенербахче.

Ова го потврди спортскиот директор на овој клуб, Емре Белозоглу.

„Разговаравме со Месут и неговиот менаџер. Тој никогаш не бил поблиску до доаѓање во нашиот клуб и практично неколку детали не делат од крајот на зделката“, призна Емре и додаде:

„По состанокот, имавме разговори и со Арсенал и сфативме дека нема да има проблем со неговото ослободување. Секако дека мора да се согласи на намалени приходи, но мислам дека тоа нема да биде проблем бидејќи тој сака да оди“, заклучи Емре.