Фудбал
Секогаш имаше некој кој лежеше на теренот, Рангник вината за елиминацијата ја гледа во судиите
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, ги критикуваше судиите што му дозволија на Атлетико Мадрид да користи тактика за трошење на време во второто полувреме. Вели „секогаш имаше некој што лежеше на теренот“
Рангник, исто така, ги нарече „шега“ четирите минути судиско продолжение, бидејќи сметаше дека требаше да има повеќе.
-Секогаш имаше некој што лежеше на теренот. Би кажал имаше и некои интересни судиски одлуки. Не би рекол дека беа одлучувачки, но барем (судијата) дозволи премногу често да паѓаат на теренот и да крадат од времето, а на крајот го продолжи мечот само четири минути. Тоа е шега за мене, вели Рангник.
Поразот на домашен терен од 1-0 го елиминира Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите.