Connect with us

Фудбал

Секогаш ќе има идиоти!

Освоениот бод во дуелот против селекцијата на Португалија не се покажа како доволен за репрезентацијата на Италија да ја освои првата позиција во својата група од новоформираното натпреварување, Лига на нации. Освен што ќе завршат како второпласирани, зад Португалија, “азурите” поставија нов негативен рекорд затоа што немаат запишано победа на последните шест натпревари одиграни на домашен терен.

Дуелот на “Сан Сиро” ќе биде запаметен по неколкуте чисти шанси кои не ги искористија избраниците на Роберто Манчини, но и по хорот од свирежи кој беше наменет за дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи.

Репрезентативецот на Италија беше навредуван од навивачите на Милан кои не можат да му простат за напуштањето на “црвено-црните” редови и кам-бекот во Торино.

  • Секогаш ќе постојат идиоти. Јас ја имам довербата на селекторот и на соиграчите. Тоа е најважно. Сакавме да се покажеме во едно вистинско светло, а тоа ни успеа во првото полувреме во кое не искористивме три чисти шанси кои можеа да ни донесат победа. Португалија не блокираше во второто полувреме. Требаше да бидеме поодлучни кога е во прашање нападот, изјави Бонучи.