Connect with us

Фудбал

Селекторот Ангеловски откако го продолжи договорот: Се што ми беше понудено прифатив, Македонија ја ставив пред личниот интерес

Published

on

Игор Ангеловски останува на клупата на националниот тим, па ќе го предводи и на историското ЕП кое ќе се одигра оваа година. Деталите од договорот не се откриени, но она што е најважно човекот кој го постигна најголемиот историски успех, останува на клупата.

– Благодарност до претседателот на федерацијата и Управниот одбор за довербата. Не се сомневам дека репрезентацијата, како и досега, ќе ги има најдобрите услови за работа.

Ќе го вложам сиот свој потенцијал да возвратиме со добри игри и да ја продолжиме успешната резултатска низа. Како што ветив и пред јавноста, сѐ она што ми беше понудено во форма на договор го прифатив, а националниот го ставив пред личниот интерес. Благодарност до капитенот, фудбалерите од репрезентацијата и јавноста за поддршката.

Верувам дека сите заедно и сложно повторно ќе се радуваме на големи победи, а овој пат ќе славиме сите заедно низ улиците на нашиот град и нашата држава, изјави селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски.

 

 

Advertisement

Facebook