Connect with us

Фудбал

Селекторот Јакимовски верува во историски пласман на ЕУРО 2024, противници се Швајцарија, Украина и Летонија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години Тони Јакимовски со оптимизам гледа на мартовските квалификации на домашен терен во Елитната рунда за пласман на ЕУРО 2024.

УЕФА денеска со жрепка одлучи генерацијата која ја предводи селекторот Јакимовски да игра во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.

– Задоволен сум од ждрепката, се наоѓаме во добра група. Реално можевме да добиеме и потешки противници. Меѓутоа во денешниот фудбал модерен фудбал, нема слаби и јаки репрезентации, сите располагаат со одреден квалитет и умеат да играат фудбал на високо највисоко ниво. – Мотивацијата кај моите фудбалери и целиот стручен тим е на едно високо ниво. Ќе дадеме се од себе за да успееме да отидеме чекор понапред и обезбедиме пласман на Европско првенство“, изјави Јакимовски за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Квалификациите од Елитната рунда ќе се играат од 18. до 26. март 2024 година, а домаќин на квалификациската група 7 ќе биде ФФМ.

– Се надевам дека во следниот период на подготовки, сите фудбалери ќе бидат здрави и ќе ги имам на располагање. Не очекуваат два контролни мечеви во Скопје против селекцијата на БиХ на 27 и 29 февруари. Тоа ќе биде и нашата последна проверка пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП, додаде Јакимовски.

Домаќин на Европското првенство за фудбалери до 19 години ќе биде Северна Ирска од 15 до 25 јули идната година.

Пласман на завршниот турнир ќе обезбедат само првопласираните репрезентации од седумте квалификациски групи.