Connect with us

Фудбал

Селекторот Милевски за супер тешката група: Навикнати сме да одиме по потешкиот пат

Селекторот на репрезентацијата за играчи до 21 година, Благоја Милевски откако стана јасно дека добивме исклучително тешка група за квалификациите за пласман на ЕП во 2023-та година, изјави дека навикнати сме да го изодуваме потешкиот пат.

„Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора, Израел и Казахстан. Ерменија е исто така незгоден противник, вели селекторот  Милевски, кој додава:

Едноставно, нема лесен противник, но ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат. Со сите репрезентации во групата имаме меѓусебни натпревари, но ова се нови генерации и нови фудбалери, заклучи селекторот.