Фудбал
Селекторот на Англија се согласи на намалување на платата и изгуби милиони фунти
Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт се согласи на намалување на платите од 30 проценти.
Саутгејт се согласи на намалување поради коронавирусот. Тој се откажа од 30 проценти од својата заработка и ќе остане без милиони фунти.
„Финансиските последици од коронавирусот сè уште не се познати. Ние сакаме да бидеме сигурни дека сите наши вработени добиваат плати во организацијата“, велат од ФА.
Фудбалската асоцијација даде идентичен предлог до членовите на Премиер лигата. Играчите добија барање за намалување на платите и за тоа се преговара.
Саутгејт треба да биде пример за сите во Англија и ќе видиме што се случува со платите на играчите.