Фудбал
Селекторот на Хрватска за дуелот со Македонија: Тие се одлична репрезентација, ремизираа со Италија и Англија
Македонија во јуни ќе игра пријателски меч против Хрватска. Мечот ќе се одигра на 3-ти јуни на стадионот на Рујека во Рујевица. Тоа ќе биде деветти меч меѓу Хрватска и Македонија, а досега имаме пет порази, две нерешени средни и само една победа.
-Македонија е одличен противник во таа прва фаза од подготовките за ЕП. Тоа е репрезентација која есенва ремизираше дома со Италија и Англија, што покажува дека ни претстои вистински тест преку кој ќе дознаеме каде сме во тој момент и што треба уште да работиме пред да заминеме во Германија. Со оглед на подготовките во Риека, сакавме да играме во Рујевица за да избегнеме дополнително патување, па овој договор исполнува се што сакавме од тоа прво натпревар во јуни“, изјави селекторот Златко Далиќ.