Connect with us

Кошарка

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација не може да влезе во Косово

Македонската кошаркарска репрезентација на 24-ти февруари треба да игра против Грузија во Тбилиси во рамките од квалификациите за СП во 2023-та година.

Рутата требаше да биде со автобус од Скопје во Приштина, а од приштинскиот аеродром до Истанбул, од каде има лет за Тбилиси. Сепак, на македонскиот селектор Драган Бајиќ му е забранет влез во Косово.

Од сите членови во македонската репрезентација само на Бајиќ не му е дозволено да влезе на косовска територија.

– Моментално сум во Скопје и едноставно сум шокиран кога ја добив информацијата дека не смеам да влезам на територијата на Косово. Немам објаснување зошто се случи ова. На македонската федерација им се создаде голем проблем бидејќи едноставно се принудени да бара алтернативно решение како да дојдам до Истанбул за да бидам со остатокот од репрезентацијата – рече Бајиќ за српските медиуми.

Сето ова се случува поради тоа што Бајиќ е босански државјанин, а со Косово има политички проблеми во однос на патувањата и слободното движење, односно потребни се визи. БиХ и официјално се уште не го признала Косово, па косовските власти на босанските државјани бараат виза за влез во оваа земја, која во овој случај селекторот на македонската репрезентација не ја добил.