Connect with us

Фудбал

Селекторот на Португалија со анализа на Македонија: Силни се дефанзивно и опасни од контранапади!

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантос со оценка за квалитетите на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на утрешниот меч.

-Дефанзивно се организирани, но не играта против Италија не ја покажува целата слики. Сега ќе бидат присутни двајцата играчи, Костадинов и Елмас, кои не играа против Италија. Самиот нивен селектор рече дека Елмас е најдобриот играч. Знаеме што прават во дефанзивна смисла, со ниска одбрана. Потоа бараат контранапади каде се доста силни. Секогаш се обидуваат да играат, кога противникот не им дозволува се обидуваат да ја држат топката подолго. Ние добро ја познаваме Македонија, подготвени сме и мора соодветно да одговориме. Ова е натпревар на нивните животи, но и за нас тоа е исто така, вели селекторот на Португалија, Сантош.