Connect with us

Фудбал

Селекторот на Русија: Сите ја посакуваат Македонија во баражот, но…

Жрепката за бараж мечевите за пласман на СП во Катар ќе се одржи во петок со почеток во 17:00 часот, а тогаш Македонија ќе го дознае својот противник во историската витка за Мундијалот.

Познати се веќе и носителите и неносителите. Македонија се наоѓа во неносители, а селекторот на Русија, која исто така ќе игра бараж зборуваше за жрепката. Како што вели тој, сите ја посакуваат Македонија, но како што вели фаворити се само на хартија.

-Сите кај нас ја посакуваат Македонија, па така и јас. Мислам дека Македонија е најлесниот противник кој може да ни се падне. Нормално е и ние како репрезентација тоа да го посакуваме…Сепак фаворитската улога ќе биде само на хартија и ќе мора да ја потврдиме на теренот, изјави Карпин.

 

Реклама

Facebook

Реклама