Фудбал
Селекторското столче за Лопетеги
Само неколку недели ќе трае паузата на Хулиен Лопетеги кој пред еден месец доби отказ од функцијата шеф на стручниот штаб на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М).

Поголемиот дел од фудбалските медиуми ја пласираа информацијата дека шпанскиот стручњак седнал на преговарачката маса со челниците во Американската фудбалска федерација и дека прашање е на време кога Лопетеги и официјално ќе биде именуван за нов селектор на САД.
Поранешниот предводник на Шпанија е убеден дека САД може да обезбеди директен пласман на Мундијалот во 2022 година и да се пласира во 1/8 финалната рунда.