Тајмаут
Семејната визија на Меси се претвори во кошмар
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси полека се подготвува за моментот кога ќе му заврши кариерата.
Меси на тој начин гледаше каде можеме да ги поминеме семејните денови по завршувањето на неговата кариера, а конечната одлука падна на шпанската Ибица.
Аргентинецот купи вила вредна 11 милиони евра, во која би дошол на одмор со семејството, а некои медиуми пишуваат дека Меси таму ќе го помине остатокот од животот по завршувањето на кариерата, но една семејна визија се претворила во вистински кошмар.
Поранешниот сопственил од вилата изградил уште две соби до неа и на тој начин сакал да го прошири овој прекрасен простор, но немал градежна дозвола.
Сега Меси влезе во проблем бидејќи ја купи целата вила со придружни објекти каде се наоѓаат двата спорни објекти.
Ѕвездата на ПСЖ сега е во административен проблем, бидејќи тешко дека е можно да се урне спорниот дел од вилата, па ќе мора што поскоро да стави крај на овој проблем, за да нема проблеми со државните органи.
Постои можност Меси да ја загуби купената вила, а со тоа и 11-те милиони евра кои ги вложи.
Целта на Меси била децата да растат на Ибица, а со идејата да купи вила се согласила и неговата сопруга.
Во вилите на Ибица веќе има некои ѕвезди како Луис Суарез, Кристијано Роналдо, па можеби и ова одлучи дека аргентинскиот фудбалер планира семејниот живот да го продолжи на Ибица.
Сепак, некои работи тргнаа наопаку, па ќе видиме како сето тоа ќе заврши.