Кошарка
Сенегалецот го сруши рекордот на Дончиќ, стана најмладиот кошаркар во историјата на Ел Класико, но дали навистина има 16 години? (ВИДЕО)
Сенегалецот Исмаилa Дијагне вчера стана најмладиот кошаркар во историјата на Ел Класико. Дијагне на вчерашниот дуел помеѓу Реал Мадрид и Барселона настапи на 16 години, 9 месеци и 9 дена, со што го собори рекордот што претходно го држеше Лука Дончиќ.
Феноменалниот Словенец за првпат настапи во најголемото шпанско дерби со 16 години, 9 месеци и 28 дена, а двајцата се единствените кошаркари до 17 години кои настапија на кошаркарското Ел Класико. Забележителна улога имаше Дијане со 9 поени и 8 скока и 16 индексни поени.
Но, она што привлече големо внимание е изгледот на Дијане. Овој сенегалски центар висок 214 сантиметри изгледа многу постар од неговите 16 години и речиси никој не верува дека е роден на 20 декември 2006 година. Дијане е роден во сенегалското село Нгуехох и затоа многумина се сомневаат дека е запишан во матичната книга на родените истата година кога е роден.