Connect with us

Други спортови

Сензација на Австралија Опен: 16-годишното тениско чудо го демолираше својот идол за само 56 минути игра (ВИДЕО)

Руската тинејџерка Мира Андреева (ВТА:47) приреди сензација во 2. коло на Австралија Опен со победата од 2:0 над Онс Џабер во 2. коло на Австралија Опен (6:0, 6:2). 16-годишната девојка славеше за само 56 минути игра, а тоа беше нејзина прва победа над играч од топ 10 во само четвртиот настап во главниот ждреб на еден Грен слем турнир. Кога Андреева првпат се појави на највисоко ниво, освојувајќи ја својата прва ГС победа на Ролан Гарос минатиот мај, таа имаше една скромна цел освен да го продолжи својот метеорски подем.

Сакаше да тренира со Онс Џабер, која е нејзиниот идол, а сега целосно ја декласираше. „Не е точно дека не бев нервозна пред мечот, бев. Онс е голема инспирација за мене, секогаш ги гледав нејзините натпревари додека не дојдов на ВТА турнејата. Сакам да уживам во тоа што го направив“, изјави Русинката по дуелот. Андреева во третото коло ќе се соочи со Французинката Дајан Пари, што е одлична можност да ја продолжи победничката серија.