Фудбал
Сензација: Роберто Карлос се врати на теренот
Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Роберто Карлос му се враќа на фудбалот. 48-годишниот светски шампион со Бразил ќе го носи The Bull In The Barne, кој игра во регионалната лига на Шросбери.
Карлос беше ставен на аукција на сајтот за онлајн трговија за секакви работи eBay и аматери од Англија ги обезбедија неговите услуги. Се очекува Бразилецот да влезе во резерва во меч на „Бикот во Барн“ во февруари.
„Тој е еден од најдобрите леви дефанзивци на сите времиња. Дефинитивно е на неверојатно ниво. Тоа се уште не се случило, сега е само сон“, изјави напаѓачот и генерален секретар на тимот Метју Браун за Би-Би-Си.
Роберто Карлос со Реал Мадрид освои четири титули на Шпанија, а со „кралскиот“ клуб трипати славеше во Лигата на шампионите. Во 2002 година, бранителот стана светски шампион со Бразил на Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија.
Бразилецот веќе неколку години гради тренерска кариера, но засега без успех. Има искуство најмногу во турскиот шампионат каде ги водеше Сиваспор и Акисарспор. Ги водеше и Анжи Махачкала и Делхи Динамо од Индија. Пред еден месец се шпекулираше дека Фенербахче ќе го земе за тренер, но разговорите меѓу двете страни не се одржаа.