Фудбал
Сензационална понуда за Жозе Мурињо
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, доби сензационална понуда да стане селектор на Нигерија пред Африканскиот куп на нации од 9 јануари до 6 февруари во Камерун.
Претседателот на Нигерискиот фудбалски сојуз, Амају Пиник си постави за цел да донесе голем специјалист кој може да освојува трофеи. Супер орлите останаа без тренер откако беше ослободен ослободувањето на Гернот Рор.
„Нема да ви кажам дека не разговаравме со Мурињо затоа што разговаравме. Дури и нашиот министер за спорт разговара со него“, призна Пиник за „Дејли труст“, но не го откри одговорот на Португалецот, кој ја презеде Рома пред само шест месеци.