Connect with us

Фудбал

Сепак попушти, логото на УЕФА сега е во боите на ЛГБТ заедницата!

УЕФА ја смени фотографијата на официјалниот Твитер налог каде сега се наоѓа грбот во боите на виножитото.

„УЕФА е горда што ги носи боите на виножитото. Тоа е симбол кој промовира сè во што ние веруваме, толеранција за секого без разлика на нивната позадина, верување или пол“, го започна УЕФА своето објаснување.

Европската куќа на фудбалот вчера му забрани на Минхен да ја обои „Алијанц Арена“ во боите на виножитото пред мечот меѓу Германија и Унгарија, по што следеше реакција од бундеслигашите кои ги обоија нивните стадиони, а сега и УЕФА се предомисли и си го промени логото.

УЕФА нанадвор радо се претставува себеси како отворена и толерантна. Таа имаше шанса во Минхен да го докаже тоа на впечатлив начин. Но, ја пропушти. Солидарноста со нејзиниот политички партнер сепак ѝ беше поважна. Зашто, ако поради високи бројки на заразени повторно не се игра во Лондон или на други места, кој ќе скокне во замена? Па јасно, Будимпешта. И ниту една европска влада веројатно нема да ја критикува УЕФА од страв да не се „преигра“ со фудбалската сила.

Реклама

Facebook