Поврзи се со нас

Фудбал

Серхио Перез договори се со новиот тим?

Ако им се верува на извори од Мексико, Серхио Перез ќе продолжи да вози во Формула 1 и следната година.

Перез наводно ги договорил сите детали со Ред Бул, кој сè уште не сака да ја официјализира соработката бидејќи не ја реши ситуацијата околу моторот за 2021 година.

Во австрискиот тим, тие се незадоволни од возењето на Алекс Албон, поради што тргнаа во потрага по нов возач, а се чини дека партнер на Макс Верстапен ќе биде Перез.

Целта на Ред Бул е прво да ја реши ситуацијата со моторот, по што треба да се потврди донесувањето на одличниот Перез.

Мексиканецот е одличен оваа сезона. Досега има собрано 100 поени во болидот Рејсинг Поинт. Тој е рангиран на четвртото место во поредокот на возачи и има освоено поени на секоја трка на која се натпреварувал.

loading...

Facebook