Connect with us

Фудбал

„Серхио Рамос и беше понуден на Барселона во минатото, да бев таму, ќе потпишев со него“

Кандидатот за претседател на Барселона, Тони Фреикс, откри дека Серхио Рамос бил многу близу до преселба во Барселона во минатото.

Капитенот на Реал лесно можеше да стане член на тимот од Камп Ноу во минатото, но тој заврши во Реал во 2005 година.

Фреикса тврди дека евентуалното доаѓање на Рамос не е можно во овој момент.

“Не можеме да го потпишеме Рамос. Тој е симбол на Реал Мадрид и не можеше да дојде тука под никакви околности”, рече Фреикса и додаде:

“Би сакал да дојдеше тука кога беше во Севиља. Колку што знам, тој беше понуден во клубот. Да бев тука, ќе го потпишав”, рече кандидатот за претседател.

Рамос одигра 661 натпревар во дресот на Реал и постигна 100 погодоци и е апсолутна икона на клубот, но се повеќе се поврзува со заминување.