Поврзи се со нас

Фудбал

Серхио Рамос пред потпис

Актуелниот договор на Серхио Рамос со Реал Мадрид е со важност до крајот на сезоната. Многу се пишуваше околу неговата иднина, се спомнуваше и можно засминување во ПСЖ кој според одредени информации му нудеше 20 милиони евра нето годишна плата.

Меѓутоа Рамос одлучил да остане. Договорено е продолжение на соработката на две години, а официјалната потврда на договорот наскоро ќе биде соопштена, најдоцна до крајот на овој месец.

Рамос веќе 15 години е член на „Кралевите“. За клубот одигра 660 мечеви и постигнал 100 голови. Со новиот договор јасно е дека кариерата ќе ја заврши во овој клуб.

 

loading...

Facebook