Кошарка
Сериозна повреда и подолга пауза за еден од најголемите македонски кошаркарски таленти
Еден од најголемите таленти на МЗТ Скопје, но и на македонската кошарка во моментов, Виктор Исајловски, пред неколку дена го повреди коленото поради што му претстои подолга пауза.
Исајловски изминатиов период го мина на прегледи кај неколку еминентни стручњаци за таков вид повреди, кои за жал утврдите дека се скинати предните вкрстени лигаменти во неговото колено. Операцијата е веќе закажана, по што ќе следува период на рехабилитација.
Од неговиот клуб МЗТ Скопје велат ќе сторат се што е потребно Исајловски што поскоро да се врати на паркетот.