Connect with us

Други спортови

Серундоло ја продолжува одличната форма, падна Нори

Аргентинскиот тенисер Франциско Серундоло го победи 11-от носител Камерон Нори со 6:3, 6:4 во првото коло на Мастерсот во Монте Карло.

Серундоло сега има 4-4 на земјена подлога со најдобрите 20 играчи и ја продолжи добрата форма по пласманот во четвртфиналето во Мајами.

Аргентинецот забележа 24 винери, трипати повеќе од Нори, и освои 90 проценти од своите поени за прв сервис.

Во второто коло Серундола го чека подобриот од мечот меѓу Креши и Беретини.