Тајмаут
Сестрата на Нејмар во врска со негов колега од репрезентацијата, тој бил против оваа врска
Сестрата на нејмар повторно го привлече вниманието на таблоидите во Бразил, откако се појави информација, но и фотографии дека е во љубовна врска со фудбалерот Габриел Барбоса, попознат како Габигол.
Семејството на 25-годишната Рафаела Сантос, нејзиниот татко, но и братот Нејмар биле против оваа врска, пред се поради темпераментниот Габигол, но сепак на крајот се помириле со тоа. Двајцата биле во врска и во 2015-та година, но потоа раскинале, сепак сега повторно се заедно.
Инаку, Габриел Барбоса настапува за селекцијата на Бразил, а синоќа беше стрелец во победата од 3:1 над Венецуела.
Gabigol reata namoro com Rafaella Santos https://t.co/inBnTGCQKe pic.twitter.com/kifLlskHl4
— FR Notícias | Flamengo (@SiteResenha) October 5, 2021