Connect with us

Други спортови

Северна Кореја се враќа на меѓународната спортска сцена

Меѓу спортовите во кои ќе настапат севернокорејските натпреварувачи на Игрите од 23 септември до 8 октомври во Хангжу се атлетика, кревање тегови, кошарка, фудбал и бокс.

Северна Кореја се повлече од меѓународната спортска сцена во 2020 година поради пандемијата на коронавирус и ги пропушти Олимписките игри во Токио, а поради едностраната одлука потоа доби забрана за настап на Зимските олимписките игри во Пекинг истата година.

На одлуката за настап на Азиските игри претходеше учество на севернокорејската таеквондо репрезентација на турнир во Казахстан во август, а претходно севернокорејски кревачи на тегови беа пријавени на турнир во Куба во јули, но не отпатуваа.