Connect with us

Фудбал

Севиља или Виљареал, за еден од нив потпишува нашиот Столе Димитриевски, тврди добро познатиот новинар (ФОТО)

Столе Димитриевски следната сезона сигурно ќе има нов клуб, тврди добро познатиот новинар, Фабрицио Романо, кој важи за трансфер гури. Како што објави тој, два шпански клубови сериозно се заинтересирани за неговите услуги, а тоа се Севиља и Виљареал. Фабрицио Романо тврди дека еден од овие два тима сигурно ќе бидат новата средина на Димитриевски.

Договорот на Столе Димитриевски со Рајо Валјекано истекува во јуни следната година, па како што тврди Романо, македонскиот голман како слободен играч следната сезона ќе се пресели во друг тим.