Connect with us

Фудбал

Сезоната штотуку заврши, а четири играчи на Арсенал веќе ги сменија броевите на дресовите

Топџиите во следната сезона ќе влезат со многу промени, најголемата промена ќе ја имаат на трернерската клупа, откако Арсен Венгер одлучи да ја напушти клупата на клубот во Лондон по 22 години. Сепак, подготовките за следната сезона се чини дека веќе започнаа.

Англиските медиуми денеска објавија дека некои играчи на Арсенал одлучиле да ги променат броевите на своите дресови иако сезоната штотуку заврши. Се чини дека тие не сакаат да ризикуваат некој да го добие бројот што го сакаат, па Петр Чех, Хектор Белерин, Мохамед Елнени и Гранит Џака веќе презеле акција.

Така искусниот голманот Чех од следната сезона на грбот ќе го носи бројот еден, наместо сегашниот број од 33, Белерин бројот 2 наместо на 34, додека Елнени го остави бројот 35 и го зеде бројот 4. Џака, кој на грбот го носеше бројот 29, сега ќе го носи бројот 34, кој исто така е неговиот омилен број.