Тајмаут
Шаховскиот велемајстор ја напушти Русија поради Путин, сега тврди дека знае како да го спречи
Поранешниот шампион во шах Гери Каспаров е жесток противник на рускиот претседател Владимир Путин.
Каспаров неколку пати бил апсен и ја напуштал Русија поради страв за сопствениот живот. Тој долги години е против режимот што го спроведува рускиот претседател.
Шаховскиот велемајстор сега го повикува Западот и тврди дека „Русија треба да биде исклучена од финансиските пазари“ и смета дека тоа е единствениот правилен начин да се запре Путин, а со тоа и војната која веќе три дена трае во Украина.
„Исклучете ја Русија од глобалните финансиски пазари. Погрижете се рускиот финансиски систем повеќе да не може да функционира и да произведува ресурси за воената машина на Путин“, рече Каспаров (58).
„Путин сè уште се потпира на повеќе од 600 милијарди долари во готовински резерви. Мора да се преземат финансиски мерки против него, против неговата околина. Спротивставувањето на Путин може да ве чини живот, но само со економски и финансиски активности може да се спречи. Знам дека тоа значи трошоци за земјите што би го направиле тоа, но мислам дека Украинците плаќаат со своите животи. Слободниот свет мора да направи нешто“, додаде Каспаров, кој сега живее во Њујорк.
What is Putin’s Endgame? @Kasparov63 on Russia’s Attack on Ukraine | @WalterIsaacson https://t.co/oMoL1WaWcu via @AmanpourCoPBS
— ??Corp $$$ Out of Politics NOW (@ny_indivisible) February 26, 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека италијанскиот премиер Марио Драги во телефонски разговор со него во саботата го поддржал исклучувањето на Русија од меѓубанкарскиот меѓународни комуникациски систем СВИФТ.
„Ова е почеток на нова страница во историјата на нашите држави“, напиша Зеленски на Твитер.
Исклучувањето на Русија од SWIFT (Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication) се смета за мерка која би го парализирала рускиот банкарски систем. Повеќе од 11.000 финансиски институции во 200 земји користат SWIFT за споделување информации за плаќање.
Политичките лидери на Европската унија на самитот во петокот се согласија за пакет финансиски санкции против Русија, вклучително и некои лични, но не и забрана за пристап на Русија до SWIFT. Во меѓувреме трет ден трае руската инвазија на Украина, а во Киев и другите градови се интензивираат нападите на воената машинерија на Путин.