Тајмаут
Шакира направи очаен потег, Пике не се двоумеше да одговори
Практично нема ден да не излезат на површина некои вести од врската на Шакира и Пике.
По 12 години, еден од најпознатите светски парови раскина бидејќи фудбалерот на Барселона го изневерил добитникот на Греми.
И пред раскинувањето, Шакира направи очаен потег, но Пике не се двоумеше премногу околу одговорот.
Уште порано беше јасно дека искусниот дефанзивец и популарна пејачка минуваат низ криза, поради што Шакира се обидуваше да ги поправи работите.
Пике повремено се оградуваше од долгогодишната девојка со која има два сина Милан и Саша, па Шакира предложи терапија за парови. Тоа беше по семејното патување во Орландо за последниот Божиќ.
„Таа предложи терапија за парови, но тој одби затоа што не сакаше да ги поправи работите, не сакаше да продолжи со неа“, изјавил извор за весникот „Телецинко“.
Неколку месеци подоцна следеше она што беше неизбежно. Шакира и Пике раскинаа и повеќе не се заедно.